Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Руската централна банка соопшти дека им останале 132 милијарди долари

Од јуни до јануари резервите контролирани од руската централна банка се зголемија од 585 милијарди долари на 640 милијарди долари, но сè уште не е познато каде се тие 55 милијарди долари.

Руската централна банка соопшти дека има резерви од уште 132 милијарди долари во јуани и злато.

Сметајќи на можни финансиски и геополитички кризи, Русија ги зголеми резервите во јуани и злато на речиси половина од вкупните резерви, објави Централната банка..

Централната банка соопшти дека контрамерките, кои следеа по замрзнувањето на руските средства на Запад, ги ограничиле плаќањата на компаниите од „непријателските“ држави.

Вредноста на западните инвестиции во руски компании се проценува на најмалку 134 милијарди долари, но таа бројка се уште не е конечна, бидејќи списокот на компании и вредноста на инвестициите во Русија не е комплетиран.

Можеби ќе ве интересира

ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

C +

Познато е кога ќе бидат исплатени покачените пензии на пензионерите

ДЕСК

Народната банка: Предлозите за вицегувернери се доставени, изборот е во надлежност на Собранието

ДЕСК