Соопштение на СДСМ:
Бадијала Стоилковски и Лефков очајно се мачат да го пренасочат вниманието од криминалот на ВМРО-ДПМНЕ кој со бројни потврди извира со секое ново судско рочиште.
Кумот на Никола Груевски, во случајот „Плацеви на Водно“ сведочеше и ги потврди криминалните шеми.
Целата криминална операција ја организирал Никола Груевски, истот оној на којшто Мицкоски му бил советник а потоа и Генерален секретар.
Се криеле вистински сопственици на плацевите на Водно, се правеле Белизе зделки, се чувале ексклузивни станови од 750 квадрати.
Дури и партиската членарина на ВМРО-ДПМНЕ завршила криминално со купување на плацеви за Никола Груевски, шефот на Мицкоски.
Тоа се тие вистински голтари до милионери за кои треба да одговарат а и да одговараат пред македонските судови.
Затоа Наум Стоилковски и Лефков се пратени од Мицкоски да измислуваат, да лажат секој ден, во очаен обид дека нешто ќе покријат.
Не проаѓа тоа, гледа јавноста и многу добро знае.