7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКТЕХНОЛОГИЈА

Кога можеме да очекуваме iPhone без никакви отвори и исечоци на екранот?

Се појавија информации, кои укажуваат кога Apple би можел да имплементира Face ID систем на екранот.

Во моментов, моделите на Apple iPhone користат дисплеј „раб до раб“, освен горниот среден дел на екранот каде што има исечок со предната камера и системот за камера TrueDepth што се користи за Face ID.

Тоа би можело да се промени со објавувањето на моделот iPhone 15. Оваа серија на телефони се очекува во текот на 2023 година, а сајтот The Elec открива дека Apple конечно би можел да го претстави Face ID системот на екранот на моделот iPhone 15.

Ова значи дека iPhone 15 конечно би можел да има приказ на цел екран, без никакви исечоци, што би требало да овозможи многу подобар дизајн и корисничко искуство.

Се очекува Apple да продолжи да го користи отсекот на линијата iPhone 14, но најновите протечени информации покажаа дека компанијата може да го замени исечокот со издолжен отвор.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 7-ми август 2025

ДЕСК

(Видео) Свештеник излезе од црквата и со молитвеник застана до „ауди“ – виралното видео го насмеа регионот

C +

Совети како да ја заштитите косата од сонцето и солта во морето

C +