Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Каевски: Наум Стоилковски со недели пласира лаги и невистини за мене и мојата имотна состојба

Во обид да се пренасочи вниманието од криминалот кој го правеле 11 години за што има признанија и од најблиски луѓе на раководството, ВМРО-ДПМНЕ и Наум Стоилковски со недели пласираат лаги и невистини за мене и мојата имотна состојба, вели Дарко Каевски.

– Кумот на Груевски вчера ги потврди крииналните шеми, од Белизе до Плацеви на Водно и станови од 750 квадрати. Генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ признаа вина за Титаник, за криминал и коруцпија.

Не проаѓаат лагите на Стоилковски и ВМРО-ДПМНЕ за мене. Вистината е јасна:

Се она што поседувам јас и моите родители е уредно пријавено во мојот анкетен лист и се тоа е стекнато уште пред јас да бидам на функција. Станува збор за наследство, за имот од моето семејство кое цел живот работело чесно.

Истото се однесува и за лагата околу куќата која денеска ја спомнува Наум Стоилковски, треба да се засрами од Белиот дворец вреден 40 милиони евра кога зборува за наследство од мојата баба, мајка на мојата мајка, во Волково, легализирана уште пред 8 години.

Разбирлива е нервозата во ВМРО-ДПМНЕ затоа што како пратеник и портпарол пред јавноста ја зборувам вистината за нивните криминали, па затоа пласираат лаги и невиситини.
Можат Наум и ВМРО-ДПМНЕ да лажат колку сакаат, нема да ја сокријат вистината дека тоа е најкриминалната партија во Европа, вели Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +