Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Францускиот државен секретар Бон потсети дека Бугарија е единствената која се противи на старт на ЕУ преговорите со Македонија

Францускиот државен секретар за европски прашања, Клеман Бон, рече дека има политичка волја во Софија и Скопје, но дека сѐ уште не може да вети дека преговорите со Северна Македонија ќе започнат за време на француското претседателство.

Ова Клеман Бон го изјави денеска на прес – конференцијата после Советот за општи работи на ЕУ во Брисел.

Запрашан да ја коментира изјавата на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, дека двете страни напредуваат во билатералните преговори, Бон потврди дека има позитивни сигнали.

-Бев во Бугарија после новата влада, разменив неодамна со бугарските власти и премиерот Петков, има сериозен ангажман и во Скопје и во Софија за да се најде решение за спорот, но не можам да прејудицирам, можам само да ги потврдам позитивните сигнали. Ако има резултат од тие сигнали, тогаш француското претседателство ќе го отпочне процесот, но во овој миг нема доволно потпора да се каже дека ќе отпочнеме, изјави Бон.

Францускиот државен секретар потсети дека Бугарија е единствената која се противи на оваа одлука.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК