Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Убиство го потресе прилепско – МВР излезе со детали

На 20.03.2022, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.Ѓ.(29) и Д.Ѓ.(67) од с.Десово, општина Долнени. Тие се сомничат дека на 19.03.2022 во с.Десово физички го нападнале Р.Л.(48) од Кичево и му нанеле тешки телесни повреди од кои подоцна починал. Р.Л. бил пронајден починат на 20.03.2022 во куќа во селото во која привремено живеел.

Смрт со повреди на главата и телото констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршиле увидна екипа на ОВР Прилеп и Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

ДЕСК