Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

НБРМ: Рекорден број слушатели на предавањата на Народна Банка за финансиска едукација во 2021

Рекорден број слушатели на предавањата за финансиска едукација на Народната банка. Во 2021 година биле одржани вкупно 102 предавања на кои биле присутни 6.351 слушател, меѓу кои ученици, студенти и професори. Беа вклучени 70 различни училишта. Предавањата на македонски и на албански јазик се одржуваа преку интернет, поради пандемијата на ковид-19, за учениците и од градските и од руралните средини, информираат од НБРМ.

Појаснуваат дека минатата година од страна на Народната банка биле изработени повеќе едукативни материјали за финансиска едукација, како едукативни презентации, текстови, видеоматеријали и инфографики, наменети како за младите, така и за возрасното население.

„Во контекст на системскиот пристап за подигање на финансиската писменост во земјава, финансиските регулатори, предводени од Народната банка, минатата година ја усвоија и ја објавија првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија. Оваа стратегија претставува значаен чекор во понатамошните активности за финансиска едукација и инклузија во земјава. Согласно со Стратегијата, беше усвоен Кодексот на добри практики за финансиска едукација, со којшто се утврдуваат принципите коишто треба да се применуваат при спроведувањето на финансиската едукација на населението во земјава, од страна на сите субјекти од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, коишто ќе бидат вклучени во овој процес. Со Кодексот се овозможува координиран пристап на дејствување и на субјектите од приватниот и од граѓанскиот сектор. Оттука, забележливи се и активностите за финансиска едукација од страна на банките и штедилниците, како и граѓанските здруженија коишто се активни во оваа сфера и исто така страна придонесуваат за поголема финансиска писменост на населението“, посочуваат од НБРМ.

Додаваат дека Народната банка и натаму ќе придонесува во подигањето на финансиската писменост во земјава преку низа активности, бидејќи во современите услови на динамичен финансиски систем, финансиската едукација станува сѐ попотребна за сите возрасти и за сите социјални слоеви од населението.

Можеби ќе ве интересира

Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

ДЕСК

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК