25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Талески: Антикризниот пакет дава видливи резултати, цените на основните продукти се стабилни, горивата поевтинуваат

Приоритет на Владата предводена од СДСМ во време на глобална економска и енергетска криза е заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството. Антикризниот пакет од 26 мерки веднаш почна да дава видливи резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани. Со укинување на данокот на додадена вредност, цените на основните производи остануваат стабилни. ДДВ од 0 отсто има за лебот, брашното тип-400, млекото со масленост од 2, 3,2 и од 3,5 %, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и други кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата, истакна на денешната прес-конференција Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Талески додаде дека додека цените на горивата насекаде во регионот растат, кај нас се намалуваат. Од полноќ цените на бензините дополнително се намалија два денари за литар, а цената на дизелот се намали три денари.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат економската стабилност, изјави Талески.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО и ВИДЕО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

ДЕСК

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

ДЕСК

Работник – српски државјанин повреден при градежни активности во Гевгелија

ДЕСК