13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Николовски: Патриотски и државнички е да го штитиме домашниот пазар и тоа го правиме

„Ова е време во кое треба да размислуваме патриотски и државнички. Не требаа да го гледаме само бизнисот и профитот. Неетички е дел од производителите да ги чуваат залихите, тие треба да се пуштат во државата, се што правиме е за да се заштити домашното производство и потрошувачка“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека веднаш штом министерството ги видело бројките и случувањата со извозот на пченица, донела одлука за забрана.

„Забраната за извоз е на иницијатива на Министерството за земјоделие и економија, без никој да алармира или да повика на тоа. Тоа е поради тоа шт оги следиме состојбите и преземаме мерки и политики кои се неопходни“ рече Николовски.

Министерот додаде дека Владата ќе подготви и посебен пакет за поддршка на пролетната сеидба, со цел поддршка на производите кои се сметаат за стратешки.

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.