Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдени мигранти, приведен шверцерот

Вчера, околу 19.30, часот на автопатот А1 Гевгелија – Неготино, кај наплатната станица кај Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничниот надзор „Михајлово“ го лишиле од слобода Љ. Ѓ. (53) од Скопје.

При контрола во патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ. Ѓ., биле пронајдени четири лица илегални мигранти од Сирија. Љ. Ѓ. бил предаден во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.

За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршиле екипи од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ и од Полициската станица Неготино.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК