23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Навременети мерки на Владата го спасуваат стандардот на граѓаните, земјите од регионот каснат со помошта

Со навремено донесените мерки за заштита на животниот стандард од страна на Владата, граѓаните на Северна Македонија полесно се справуваат со светската економска и енергетска криза од граѓантие во нашите соседни мерки.

Цените на горивата во земјава остануваат најниски, а вистинските политики на Владата, за намалување на акцизата и ДДВ на горивата стана позитивен пример за регионалните медиуми.

Откако ваквиот пример беше промовиран по регионалните медиуми, сега и владите на останатите земји ја разгледуваат таа можност. Помеѓу првите кои најавија ваква можност е Хрватска, откако премиерот Андреј Пленковиќ истакна дека започнуваат да ја разгледуваат можноста за намалување на акцизите, но дека таквите измени би се имплементирале дури за две недели од сега.

Во меѓувреме, граѓантие на Хрватска горивата ги плаќаат по цена од 1,54 евра по литар за дизел и 1,57 евра за бензин, Еуросупер 95.

Парламентот на Косово вчера заседаваше со цел преземање мерки и намалување на давачките за горивата, меѓутоа не успеа да донесе одлука. Цените на горивата во Косово остануваат 1,52 евра за бензин и 1,41 евро за литар дизел.

Владата на Црна Гора претстави пакет мерки за намалување на акцизите, меѓутоа поради закоченост на парламентот таквиот пакет мерки се уште не е изгласан, а граѓаните на Црна Гора од денес ги имаат највисоките цени на горивата. Литар бензин во Црна Гора чини 1,78 евра, додека за литар дизел Црногорците плаќаат 1,73 евра.

Од друга страна, Албанија не се одлучи на ваков чекор, туку ги замрзна цените на дизелот и бензинот на 1,72 евра по литар, што е нешто над 105 денари или околу 20 денари поскапо од цената во земјава.

Во Србија литар дизел се точи за 1,52 евра, додека бензинот е околу 1,45 евра. Во Грција, цената на бензинот се движи нешто окоу 2 евра по литар, додека дизелот е 1,68 евра за литар.