Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен малолетник од Скопје, управувал автомобил и носел пиштол

Вчера, на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници запреле патничко моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје.

Како што информираат од МВР, при преглед кај него бил пронајден пиштол „екол туна мод 635“.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Неколку улици во центарот на Скопје ќе бидат затворени за сообраќај: за утре најавен протест на ССМ

C +

Мицкоски: Нема да има мигранти, тоа е измислена тема на Венко

C +

Филипче: Ние немаме работа со политички неистомисленици, туку со мафија

C +