8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец на Бит Пазар, украденото вратено на сопствениците

На 13.03.2022 во 20.35 часот на подрачјето на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар лишен е од слобода О.М.(25) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување на кривични дела „тешка кражба“. Имено, со употреба на сила и подесен алат, тој од подрумски простории од зграда одзел разновидни предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 58.500 денари. Пријавениот бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, а украдените предмети се вратени на оштетените. По целосното документирање на случајот ќе следи кривична пријава за извршени 7 кривични дела „тешка кражба“.

Можеби ќе ве интересира

Лишена од слобода сопругата на лекарот во кој вчера беше пукано во Куманово

ДЕСК

ВО ТЕК ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ СКОПЈЕ – Се апси на неколку локации низ градот и околината

ДЕСК

Најнова вест: Се врши евакуација на зградите околу белата палата на ВМРО ДПМНЕ поради оставен сомнителен куфер

ДЕСК