Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Регулаторна одлучи: Цените на горивата остануваат исти – еве по колку ќе се точи бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на 14.03.2022 година, одржа седница на која донесе Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со која одлучи малопродажните цени на нафтените деривати да не се променуваат, односно да останат на исто ниво како што се утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 12.03.2022 година.

Согласно денешната Одлука, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 88,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 60,914 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за стабилноста на светската економија

ДЕСК

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли

ДЕСК

Димитиеска-Кочоска: ММФ ја засилува поддршката за реформи и економска стабилност во регионот преку нов Регионален центар за ЈИЕ

ДЕСК