Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прегазен пешак во Битола, со тешки повреди пренесен во болница

Седумдесет и осумгодишен битолчанец вчера бил прегазен од автомобил на крстосницата од улиците Добривое Радосављевиќ и Рузвелтова во Битола.

„Патничко возило ‘форд галакси’, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н. Г. (48) од Битола, удрило во М. К. (78) од Битола“, информираа од МВР.

Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од екипа на СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК

Мојсоска: Новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски

ДЕСК