23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

МТСП: Градоначалникот на Гази Баба незаконски ја сменил директорката на градинката „Детска радост“

Постапувајќи по укажување на Министерството за труд и социјална политика за постоење материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општината, Градоначалникот на општина Гази Баба кој беше избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, ја врати на работа директорката на градинката „Детска радост“, Анета Петровска.

Петровска обвини дека е разрешена од страна на градоначалникот од политички причини, а СДСМ објави дека ревизијата на градинката, по налог на Стефковски ја правел нелиценциран ревизор, кој не ја почитувал процедурата.

При процесот на разрешување на Петровска, Стефковски прекршил низа закони и процедури, при што спротивно на закон без лиценца за ревизор и без положен испит избрал ревизор. Потоа, ова неовластено лице незаконски било задолжено да изврши ревизија на работата на детската градинка „Детска Радост“.

Бидејќи неовластено лице го правело овој документ, по налог на градоначалникот, злоупотребена е службената положба и овластување. Понатаму, лицето кое без лиценца ја вршело ревизијата, ревизорскиот извештај наместо, согласно Законот, да го достави прво кај директорката на градинката, го доставил кај градоначалникот. Врз основа на овој незаконски Извештај директорката на градинката беше разрешена.

Градоначалникот Стефковски сега ја поништи одлуката со која Петровска беше разрешена и го поништи решението за имненување на вршител на должноста директор на установата, соопшти министерството.