Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени 5 лица во Скопје – питачеле со своите малолетни деца

Одделенијата за криминалистички работи во единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје, во текот на изминатата недела преземаа мерки и активности за спречување на „питачење“.

Притоа, лишени од слобода биле Л.А.(32), С.М.(24), Ш.К.(30), Џ.С.(30) и И.М.(33), сите од Скопје, кои биле затекнати заедно со своите малолетни деца при питачење на улици, булевари и пред верски објекти на подрачјето на Скопје.

Со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК