Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

За рускиот амбасадор во земјава бомбардираните болници во Украина се лажни вести

Рускиот амбасадор во Република Северна Македонија, Сергеј Баздникин во неговото гостување на Сител ТВ, како лажни вести го карактеризираше известувањата, сликите, видеата и сведоштвата од гранатирањата на болниците и цивилните објекти во Украина.

Иако ваквите снимки беа објавени од десетици медиуми, новинари, активисти, а имаше и сведоштва на граѓани, сепак за Баздникин сето тоа се лажни вести.

Светската здравствена организација потврди дека од почетокот на руската агресија во Украина биле нападнати 16 здравствени установи.

Сепак, рускиот амбасадор ги негираше ваквите злосторства. Запрашан за тоа дека и македонски граѓани кои бегаа од Украина сведочат за напади на цивилни објекти, Баздникин не одговори, туку само кажа дека во секоја воена операција има жртви.

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК