Centar.mk
БИЗНИСвестТЕМА

Вечерва нова цена на горивата

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски информира дека во текот на вечерните часови РКЕ ќе одржи нова седница на која што ќе ги разгледа анализите и ќе информира за новите цени на горивата.

-Промената во цените би стапила на сила од полноќ. Методологијата е базирана на котации на берзата за претходните пет дена. Претходно правевме од понеделник до петок, а сега можеме во било кој период, од една единствена причина, бидејќи по ваков драматичен пораст на цените на светските берзи, ние определивме цена врз тоа што се случуваше. Факт е дека трговците кај нас купуваа нафтени деривати со многу повисока цена отколку што ја утврди РКЕ. На тој начин трговците имаа големи загуби околу 5 до 6 милиони евра на неделно ниво. Не сакаме да воведеме проблеми во сигурноста во снабдувањето на нафтени деривати, рече Бислимовски во емисијата „Топ тема“.

Бислимовски не сакаше да објасни дали вечерва може да се очекува зголемување на цените на горивата, се додека не стигне законското решение за намалување на акцизите.

-Се случува енормен пораст на дизелот на светските берзи, каков што не се памети досега, информира првиот човек на РКЕ.

Можеби ќе ве интересира

МФ: Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, јавниот долг останува стабилен и одржлив

ДЕСК

Драстично поевтинува дизелот, но поскапува бензинот – падна одлука во РКЕ

ДЕСК

Граѓаните бараат од институциите да кажат чии се и кои се млечните производи каде наместо 20 отсто масленост најден е само 1%

ДЕСК