Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАМАКЕДОНИЈА

МНР: Учеството во која било туѓа војска е кривично дело

Министерството за надворешни работи предупредува дека учеството во која било туѓа војска е кривично дело.

„Како земја пријател на Украина имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили.

Сепак, Министерството за надворешни работи ги потсетува граѓаните на Северна Македонија дека учеството во која било туѓа војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело.

Воедно сакаме да потсетиме дека Република Северна Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми“, се вели во соопштението на МНР.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +