24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Ја унапредуваме родовата еднаквост и го зајакнуваме економскиот стандард на жените

Нашите политики се насочени кон еднаквост и еднакви можности за сите, вклучително и за жените и мажите особено во делот на вреднување на трудот, посочи членката на Извршниот одбор на СДСМ Јована Тренчевска на трибината „Еднакви, Активни, Гласни“ во организација на Форумот на жени на СДСМ.

„Драго ми е што веќе во првиот месец од мандатот на новата Влада успеавме да го донесеме Законот за минимална плата и денес минимална плата од 18.000 денари е реалност. Најголем дел од примателите на минималната плата се жените вработени во трудоинтензивните дејсноти и со плата од 18.000 го подобруваме квалитетот на живот на жените. Истовремено, ја усвоивме новата методологија која обезбедува повисоки пензии и финансиска помош за пензионерите, што значи дека се грижиме за унапредување на животниот стандард за сите граѓани“ истакна Тренчевска додавајќи дека преку конскретни мерки како Оперативниот план за вработување каде во 2021 година 45 отсто од корисниците биле жени, дополнително се влијае на намалување на невработеноста кај жените.

Тренчевска посочи дека во изминатите години СДСМ успеала да донесе важни закони со кои се унапредува статусот на жената во општеството.

„Седум години се чекаше на усвојување на Инстабулската конценција а ние ја ратификувавме за само неколку месеци и не само што ја усвоивме туку и носиме законски измени за нејзино целосно спроведување, го усвоивме Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, отворивме центри за заштита од семејно насилство. Работиме на новиот Закон за родова еднаквост кој ќе ја унапреди родовата еднаквост преку искористување на постоечките механизми но и преку трансформација на секторот за еднакви можности при МТСП во Секретаријат на Владата за еднакви можности“ заклучи Тренчевска.