Centar.mk
БИЗНИСВОЈНА ВО УКРАИНА

Пепси донесе одлука: Ја прекинуваме продажбата на нашите пијалоци во Русија

PepsiCo Inc. ја суспендира продажбата на своите безалкохолни пијалоци и светски брендови на пијалоци во Русија по инвазијата на Украина.

Компанијата ги паузира и капиталните инвестиции, рекламирањето и промотивните активности во земјава. PepsiCo има хуманитарна одговорност да понуди други производи, вклучително и секојдневна храна како млеко и детска формула, се вели во соопштението.

„Продолжувајќи да работиме, ќе продолжиме да ја поддржуваме егзистенцијата на нашите 20.000 руски соработници и 40.000 руски земјоделци во нашиот синџир на снабдување бидејќи тие се соочуваат со значителни предизвици и несигурности“, рече извршниот директор Рамон Лагуарта во писмото до вработените во вторникот.

Компанијата, исто така, доставува помош за украинските бегалци, рече Лагуарта.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГИ ЗАДРЖА КАМАТИТЕ – Енергетските цени носат нов ризик

ДЕСК

СТРУЈАТА И ПАРНОТО ПОД ПРИТИСОК – Ќе има ли нови државни мерки?

ДЕСК

НАД 14 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ЗА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ – Ревизијата открива каде завршиле средствата

ДЕСК