22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Каевски: Кој е ставот на Мицкоски за тоа што неговиот партнер Левица ја поддржа агресијата врз Украина?

Јавноста сведочи дека коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, политичкиот субјект Левица отворено ја поддржува воената агресија врз Украина, изјави на прес-конференција, пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, откако пратениците на оваа партија вчера гласаа против Декларацијата за Украина во македонското собрание.

СДСМ реагира дека Левица ги нарекува граѓаните на Украина неонацисти и користат крајно несоодветен речник, идентичен со оној на агресорот.

„Ова се опасни ставови, кои се на штета на државниот и национален интерес на нашата татковина, на нејзините стратешки цели и спротивни на целиот демократски свет. Левица е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Заедно ги кочат и блокираат законите кои се од интерес на граѓаните и државата. Левица е коалициски партнер на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво во многу општини. Дури и во главниот град Скопје. Бидејќи станува збор за негов близок коалициски партнер, го прашуваме Христијан Мицкоски: Кој е неговиот став за поддржувањето на воената агресијата на Русија врз Украина од страна на Левица? Затоа ли самиот Мицкоски ги оправдува сите што ја поддржуваат воената агресија, во своите јавни настапи?“, праша Каевски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

Каевски: Во ВМРО-ДПМНЕ самите се фатија со рацете во медот, Мицкоски да не се крие

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T