Centar.mk
БИЗНИСвест

Македонија воопшто не побарала жито од Србија, државните резерви се доволни

Владата не барала жито од Србија, потврди и министерот за економија, Крешник Бектеши. Според него, согласно проценката, само владата директно може да бара или Агенцијата за стоковни резерви, ако се работи за пченка и пченица како што изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

-Исто така надлежно е и Министерството за земјоделство, но ние немавме барање. Овие институции не доставиле барања до нашиот сосед. Ако имаат добра волја и дополнително количини кои не се потребни согласно нивната добра волја, можат да го кажат датумот на транспорт и испораки за да се подготвиме при донацијата за складирање. Да повторам ние имаме доволно колични во нашите резерви до наредната реколта, изјави Бектеши.

Вчера српскиот претседател информира ќе ѝ испорача на С. Македонија количество на пченка и пченица на наше барање.

-На Северна Македонија и одобривме колку што ни побараа за да купат пченица и пченка. Предвидени се 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка. Секогаш ќе имаме за регионот и за нивните потреби. И за БиХ и за Црна Гора и за Северна Македонија, рече Вучиќ на прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира

Животот стана пресметка: Колку денари остануваат откако ќе се платат основните обврски?

ДЕСК

Мицкоски со убава вест за граѓаните: Дизелот би можел да поевтини од 6 до 6,5 денари уште во понеделник

ДЕСК

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните шест недели по најавите за продолжено примирје меѓу САД и Иран

C +