Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРТЕМА

(фото) Македонија има најниска цена на дизел во регионот и Европа- еве каде сме на листата со цената на бензинот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ви доставува анализа за движењата на цените на нафтените деривати во регионот. Од анализираните податоци за 11 држави во регионот, заедно со нашата, може да се заклучи дека во Северна Македонија цената на ЕУРОДИЗЕЛ во првата недела од месец март е најниска. Највисока цена на ЕУРОДИЗЕЛ плаќаат во Грција од 1,621 евро, потоа во Албанија од 1,609 евра, па Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Бугарија и Босна и Херцеговина. Во Северна Македонија се точи ЕУРОДИЗЕЛ по цена од 1,221 евро.

Додека кога станува збор за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 во Северна Македонија се точи по цена од 1,361 евро, што е пониска цена од она во Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Романија и Унгарија. Единствено во Бугарија и Босна и Херцеговина се точи ЕУРОСУПЕР БС-95 по цена незначително пониска од нашата и тоа со отстапка во прва, односно втора децимала.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ПАРИ ЗА ЛИЦАТА КОИ ПРИМААТ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

Телеком влегува во партнерство со Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет за „Училишта на 21 век“

ДЕСК

Објавена листа со имиња на фирми и луѓе: Кој колку должи за данок кон државата?

ДЕСК