Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лаен благодарна за брзата македонска реакција во однос на ситуацијата во Украина

Премиерот Димитар Ковачевски денеска остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

Како што се наведува во владиносто соопштение, претседателката на ЕК на премиерот Ковачевски му изразила благодарност за брзите реакции на Владата на Северна Македонија во врска со Украина, за кои истакнала дека во целост се усогласени со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Воедно, претседателката на Европската комисија искажала честитки за посветеноста на дијалогот Скопје-Софија и уште еднаш повторила дека Брисел силно го поддржува и поздравува овој процес кој ќе овозможи забрзување на процесот на евроинтеграции.

Ковачевски информирал дека владите на Северна Македонија и Бугарија се посветени и активно продолжуваат со дијалогот за изнаоѓање решенија и резултати за време на француското претседателство со ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.