Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

153 санкционирани возачи во Скопје, 33 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 33 мерки за возење под дејство на алкохол, 19 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, 13 санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за возач почетник, пет за нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК