Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Законите се јасни, градоначалникот Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ незаконски работел – обвинија од СДСМ

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ и Бобан Стефковски треба да објаснат како  в.д. директор на јавно комунално претпријатие Гази Баба го назначиле незаконски да ги спроведува партиските наредби.

Законите се јасни и тие се прекршени со постапките на градоначлникот Бобан Стефковски ид ВМРО-ДПМНЕ.

Лицето Добри Петров бил незаконски назначен за ревизор од страна на градоначалникот Бобан Стефковски, затоа што не ги исполнувал условите.

Член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, став 2, одредува дека за ревизор може да биде избрано лице кое положило испит за овластен внатрешен ревизор или да поседува меѓународен ревизорски сертификат. Ниту еден од овие услови Добри Петров не ги исполнувал.

Затоа Добри Петров не е на листата на овластени ревизори која е јавно достапна. (https://www.iorrm.org.mk/doc/%D0%98%D0%9E%D0%A0%D0%A0%D0%9C%20-%20%D0%A0%D0%95%D0%93%D0%98%D0%A1%D0%A2%D0%90%D0%A0%20%D0%9D%D0%90%20%D0%A0%D0%95%D0%92%D0%98%D0%97%D0%9E%D0%A0%D0%98%20-%2018.02.2022.pdf)

Се потврдува она што го говори СДСМ, дека со незаконски извештај незаконски е променета директорка на јавна установа.

За само 100 дена ВМРО-ДПМНЕ го покажа вистинското лице.

Во општините владеат како шерифи, без почитување на закони и прописи со единствена цел, да разрешуваат и да именуваат нивни партиски војници и извршители.

Очекуваме од сите надлежни институции по допрен глас да покренат соодветни законски процедури за овој скандал.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК