Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Облачно со дожд и снег на повисоките места

Денеска ќе биде облачно и уште од изутрина со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег.

Пообилни врнежи (понекаде до 20 л/24ч) ќе има во западните делови. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.

До утре снежната покривка на планините значително ќе се зголеми особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20 см нов снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд кои во повисоките делови од попладне повремено ќе преминуваат во снег. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Мицкоски во посета на Костал – Ќе има прослава по повод 10 години од своето присуство во Македонија

ДЕСК

Николоски: Ние сме единствена земја во регионот што отвара нови авио линии во најголематa авиокриза. Отворени сме за соработка со сите авиокомпании, но без уцени

ДЕСК

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе го завршиме во рокот. Ова е првата Влада која целосно се посвети на изградбата

ДЕСК