Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Повеќемина повредени во тешка сообраќаја

На 25.02.2022 во 14,55 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Прдејци – село Смоквица, поточно на место викано „Ивикта“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “рено меган“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(36) од село Миравци и патничко моторно возило “дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ќ.(23) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “дачија“ М.П.(22) од Гевгелија, а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници од истото возило Ј.Т.(22) с.Стојаково, С.А.(21) од Струмица и Г.М.(20) од Стар Дојран како и двајцата возачи, констатирани во Општата болница во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ЗА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА – Автобуси од Ресен, Охрид и Прилеп до Битола

ДЕСК

БОГДАНЦИ СЕ КРЕНА НА НОЗЕ – Граѓаните со свеќи побараа одговорност за смртта на 17-годишната Билјана

ДЕСК

РЕФОРМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАВРШНИЦА – Мицкоски очекува најголемиот дел да биде заокружен до крајот на годината

ДЕСК