Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека пред половина час успеале да ги извлечат нашите дипломати во Украина преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија.
„Ситуацијата, посебно во текот на ноќта во Киев е влошена. Ние одлука за евакуација на нашите дипломати имаме донесено на денот на руската агресија во Украина, но поради отежнатите околности тие не беа во состојба да ја напуштат Амбасадата. Целиот овој период беа во скривница. Потоа преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме пред половина час да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија“, рече Османи.
Министерот информира дека денеска успеале да почнат процес на евакуација и за 30 наши набљудувачи во рамки на Специјалната мониторинг мисија. Дел од нив, како што кажа, во моментот се упатени кон Молдавија, а дел од нив кон Послка.
Бројни аналитичари, професори и истакнати општествени чинители денеска дебатираа на темата „Современите предизвици во контекст на градењето на 10-годишната стратегја“
„Ова е веројатно најважната тема која за жал ја водиме во една нова светска криза наметната преку агресијата од страна на Русија врза Украина. Ние и денес пред нас ги гледаме присутните хибридни закани и активности за хибридни упади во внатре во рамките на општествата и оттука се наметнува потребата за сѐ поголема грижа и заштита на критичната инфраструктура, пред сѐ мислам на т.н. сајбер или дигитална инфраструктура која станува поважна од онаа физичката инфраструктура, за која е потребен стратешки државен пристап“ посочи Османи на тматската конференција од серијата „Рефлексија 2030” во светло на Украинската криза.