Фејсбук статус на Сопругата на фудбалерот Ѓоко Зајков која со семејството беше заглавена во Украина:
Драги пријатели ви благодарам на сите за грижата.
Јас, Ѓоко и Лука во моментот сме во Унгарија и сме безбедни.
Поминавме огромна голгота и изнагледавме многу лошо слики по патиштата низ Украина во овие 3 дена.
Сакам да се заблагодарам на премиерот Dimitar Kovacevski за постојаната поддршка која ни ја даваше. Не познавам премиер кој е достапен на телефон 24 часа за сопствените граѓани. За секоја препрека по пат со него бевме во постојана комуникација и се правеше се што беше во рамки на можностите.
Воедно сакам да се заблагодарам и на македонскиот амбасадор во Унгарија @Горан Стевчевски за укажаната помош и логистичка поддршка. Macedonian Embassy in Budapest/Македонска амбасада во Будимпешта 2010-2014 Embassy of the Republic of North Macedonia in Hungary
На сите луѓе кои се наоѓаат во Украина им посакуваме безбедно да стигнат во своите домови, а на украинскиот народ што побрзо поврорно да живее во мир.🙏🏻
Пс. Да не се заборави најголемо благодарам на систер Моника Зајкова – Monika Zajkova Monika Zajkova што цело време беше со нас во контакт за време на нашето патување и не советуваше и упатуваше за секоја ситуација ❤️
Ти благодарам Господе што не чуваше сите 🙏🏼🙏🏼🙏🏼❤️