13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нуредини: Поддршката на ПОНТ се проширува и на прекуграничната заштитена област Кораб-Шара

Министерот Нуредини за време на неговата вчерашна посета на Тирана оствари средба со претставниците на Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ). На состанок беше истакната успешната соработка во последните четири години како и новите можности ПОНТ географски да ја прошири својата програма за грантови на прекуграничната заштитена област Кораб-Шара во Албанија и Северна Македонија.

Министерот ја истакна високата природна вредност на оваа голема прекугранична област и нејзиниот туристички потенцијал базиран на природата и ја поздрави поддршката на ПОНТ за неодамна прогласениот национален парк Шар Планина, што е усогласена со финансирањето што веќе го обезбеди Владата на РСМ, преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Двете страни се согласија за прв плански грант за новоформираната Јавна установа на паркот, кој ќе биде развиен со помош на национален консултант ангажиран од ПОНТ и стартуван во јуни 2022 година. Ова ќе го отвори патот за долгорочно партнерство за ко -финансирање на оперативните трошоци за да се обезбеди ефективно управување со Паркот, во согласност со Планот за управување што формално треба да биде одобрен во средината на 2022 година.

Исто така, планирана е понатамошна соработка со тековната и новопланирана поддршка од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) преку УНЕП. Во 2022 година, ПОНТ планира да објави два повика за предлози за граѓански организации во областа Кораб-Шара. Првиот повик за предлози ќе се фокусира на локални невладини организации за поддршка на властите на Паркот во нивните напори за управување. Вториот повик ќе биде за националните невладини организации за поддршка на различни заштитени подрачја во регионот што е фокус на PONT, како и еколошките коридори помеѓу прекуграничните заштитени подрачја.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нуредини: Кањонот Матка како заштитено подрачје има можности да стане една од главните туристички еко дестинации во државата

M T

Нуредини: Се раскинуваат Договорите за концесија за седум мали хидроелектрични централи во Националниот парк Шар Планина

M T

НУРЕДИНИ: Усвоен Предлог – Законот за Студенчишко Блато, се исполнува препораката на УНЕСКО

M T

Министерот за животна средина и просторно планирање Нуредини ќе одржи прес-конференција во врска со отворањето на понудите од тендерот за доделување на концесија за водата на Црна Река

M T

Нуредини: Потребни се усогласени и координирани активности за подобра заштита на прекуграничните заштитени подрачја

M T

НУРЕДИНИ: Очекувам првите количини на линдан безбедно да стигнат во Франција

M T