Centar.mk
КУЛТУРА

Македонија и Србија потпишаа договор за основање на културни центри

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес беше домаќин на министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, кој претстојува во официјална посета на земјата.

Во рамките на посетата беше потпишана Спогодба за основање на културно-информативни центри во Скопје и Белград, со уверување дека со тоа ќе се создадат услови за зголемување и зајакнување на културната размена и поврзаноста меѓу граѓаните.

Соговорниците го поздравија одржувањето на првата средба на Комисијата за заштита на националните малцинства, одржана на почетокот на февруари 2022 во Белград, и ги изразија надежите дека унапредувањето на малцинските права ќе придонесе за дополнително зацврстување на односите меѓу двете земји и зголемување на соработката.

Можеби ќе ве интересира

Утре ќе биде промовиран „Немам страв“ – психолошкиот трилер што отвора ново поглавје за современата македонска книжевност

ДЕСК

Утре ќе биде промовирана монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од Виолета Ачкоска

ДЕСК

„Читаме денес за подобро утре“ – прва ваква зелена акција на издавачка куќа во Македонија

ДЕСК