Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Внатрешната контрола на МВР поднесе кривични пријави против двајца службеници од Куманово

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против Х.А. од Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување и против Д.А. од Куманово за несовесно работење во службата.

Првопријавениот Х.А., вработен во Отсекот за управни работи Куманово, во декември 2021 примил и одобрил барање за издавање возачка дозвола и притоа во предвиденото поле не внел три пркршочни санкции забрана за управување со моторно возило, во вкупно траење од 18 месеци, кои претходно му биле изречени на подносителот.

Второпријавениот Д.А., вработен во Отсекот за управни работи Куманово, со пропуштање на надзор несовесно постапил во вршење на своите овластувања и должности. На две лица од Куманово им овозможил да извршуваат работни задачи во Отсекот за управни работи Куманово по истекот на решенито кое го имале, а кое не било продолжено.

Како што информираат од МВР, одделот за внатрешна контрола повел и иницијативи за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против двајцата вработени.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК