Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Недозволива е руската агресија на Украина, стоиме со украинскиот народ

„Изразувам осуда за агресијата на Русија врз Украина утрово. Тоа е агресија која е недозволива. Ние ја почитуваме и поддржуваме територијалната целовитост и независност на Украина и стоиме со украинскиот народ“ кажа вицепремиерот за европски прашња, Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека Северна Македонија како членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ се координира со нашите партнери за натамошните чекори.

„Ние иако сме мала земја, сепак нудиме помош колку што можеме на Украина во овие моменти. Вчера имаше и телефонски разговор на премиерот Ковачевски со неговиот украински колега, каде ги испративме овие пораки“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот изјави дека за денес е свикана вонредна седница на Владата на која ќе се разговара за ситуацијата во Украина и следните активности.

Можеби ќе ве интересира

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „тојота“ и „голф“ – има тешко повреден

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млади момчиња итно пренесени во скопските клиники

ДЕСК