Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со автомобил удрил во двајца полицајци, а потоа со остар предмет повредил полициски службеник – Детали за драмата близу Ресен

На 21.02.2022 во 11.20 часот во с.Доленци, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода И.Ѓ.(41) од Росоман.

Околу 08.00 часот на патот Битола-Ресен, со возилото „пежо“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив.

Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +