14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Градоначалникот на Ѓорче Петров набавувал чоколади и сокови за 6.000 евра, а Муцунски купил 35 скапи компјутери од по 1000 до 2000 евра

Прес-конференција на СДСМ, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ владее на локално ниво, раководи со повеќе од половина од општините, а резултатите се еднакви на нула.

Како локална власт, ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнува ветувањата, немаат реализирани проекти. Тие само бараат пари од Владата а се луксузираат, трошат народни пари а ништо не работат.

Во време на криза наместо за помош на граѓаните, наместо на проекти за развој на општините, тие парите ги трошат на луксуз и партиски вработувања. Ништо повеќе.

Последен пример за расипничко трошење на парите на граѓаните е набавката на скапи компјутери вредни околу 38.000 евра од страна на градoначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Неговиот колега од Ѓорче Петров, Александар Стојкоски потроши 6.000 евра за набавка на чоколади и сокови.

Не може градоначалниците да немаат пари за струја да бараат од Владата да ги покрива, а тие да купуваат апетисани и да се луксузираат, да ги полнат јавните претпријатија со партиски војници.

Уште еден пример е градоначалничката Данела Арсовска. Град Скопје годинава ќе потроши неверојатни 670.000 евра за вработување на 109 партиски кадри.

Во исто време кога ги остави скопјани без парно па мораше Владата да им помогне. Во исто време кога секој ден се жали дека нема пари.

Додека централната власт предводена од СДСМ работи на надминување на последиците од енергетската криза, локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ не работи ништо, се лукс узира и безобразно троши пари на граѓаните.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија и на локално и на централно ниво работи единствено за свои интереси, на штета на интересите на граѓаните, на општините и државата.