Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Туристичките водачи му се пожалија на Пендаровски дека немаат пензиско и здравствено осигурување

Претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП), на средба со претседателот Стево Пендаровски посочија дека немаат регулиран статус.

Претставувајќи ги активностите во насока на подобрување на позицијата на водичите и нивната професија, тие на Пендаровски му укажаа дека немаат здравствено и пензиско осигурување.

Претставниците на асоцијацијата го запознаа Пендаровски со нивната работа и заложбите за создавање услови за квалитетно едуцирање на туристички водичи и придружници, со цел обезбедување квалитетни и професионални услуги.

Можеби ќе ве интересира

Пукање кон возило во кратовско

ДЕСК

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК