Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Серија брендови на цигари поскапуваат за 10 денари

Повеќе брендови на цигари од вечерва на полноќ поскапуваат за 10 денари.

Претходно поскапеа и други видови на цигари.

Од јули е можно уште едно поскапување на цигарите согласно зголемувањето на акцизата секоја година, Закон кој беше донесен уште во времето на власта на ВМРО ДПМНЕ, а секоја година цигарите скалесто поскапуваа, и тоа ќе се случува до 2023 година.

Секоја година, почнувајќи од 2013 година, па сѐ до 2023 година, акцизата на цигарите се зголемува за најмалку пет денари по кутија. Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ИЗДВОЈУВА 1,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ – Голема можност за иноватори и стартапи

ДЕСК

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ПРЕДУПРЕДУВААТ – Поскапувањето на горивата најсилно ги погодува сиромашните економии

ДЕСК

НАФТАТА ПОВТОРНО ПОСКАПУВА – Нов притисок врз светските пазари по нападите во Персискиот Залив

ДЕСК