24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бугарски фејсбук фотошоп – Ковачевски фаќа сеир, Петков усрамен, ВМРО-ДПМНЕ се мачи да спечали поен плус

Откако премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски вчера објави фотографија на која е заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и бугарскиот премиер, денеска беше сецната од пиарџиите на Петков – на која не се гледа македонскиот премиер, во обид за политички поени, мака мачат ретроградните сили во Македонија.

Ботовите познати како платеници од месец за месец, на твитер и фејсбук контролирани од опозицијата се обидоа да ја искористат оваа прилика.

Исто така партијата од опозицијата, ВМРО ДПМНЕ во обид да заработи некој политички поен испрати и соопштение до меидумите, во кои вели:

Петков кој фотографијата од трилатералната средба со секретарот за надворешни работи на САД, на која учествуваше и премиерот Димитар Ковачевски, ја прикажа како билатерална, грубо тргнувајќи го ликот на македонскиот премиер од фотографијата, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Инаку фотографијата на трилатералната средба меѓу Блинкен, Петков и Ковачевски е објавена од македонската Влада уште вчера, а денес била искористена од страна на пи-ар тимот на Петков, при што средбата била прикажана како да е средба меѓу Петков и Блинкен.