10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Птичји грип утврден кај угинат корморан во Штипско

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево ги добила резултатите од лабораториските испитувања на Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, со кои кај мостра од дива птица корморан, од Штипско, е потврдено присуство на болеста авијарна инфлуенца (птичји грип).

За утврдување на поттипот на сој на вирусот, кој не е детектиран на фарма, туку кај дива угината прелетна птица најдена во природата, ќе се спроведат дополнителни лабораториски испитувања.

„Пријава за сомнеж на случај, АХВ доби на 18 февруари, кога од страна на ветеринарно друштво од Штип, мострата од дивата прелетна птица е доставена за лабораториско испитување во Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува решение, со кое ќе се спроведат соодветни мерки за заштита од ширење на вирусот и негово ставање под контрола, вклучително и дополнителни прегледи на одгледувалиштата и попис на живината на фармите“, се наведува во соопштението на АХВ.

Останува апелот до одгледувачите, бисигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината.

Доколку граѓаните најдат угината дива птица во природата, АХВ апелира за тоа да го известат најблиското ветеринарно друштво или самата Агенција.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.