Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДОМ: Петиција за поставување сончеви панели на училиштата во Ѓорче Петров

Претставниците на партијата ДОМ од општина Ѓорче Петров преку петиција ќе поднесат барање до Град Скопје и до Општината за поставување сончеви панели на училиштата во Ѓорче Петров.

„Во период кога сме во сериозна енергетска криза со високи покачувања на сметките за струја, сметаме дека одличен почеток е поставувањето панели и искористување на обновливите извори на енергија.

Енергетската независност на училиштата и тоа како ќе влијае врз намалување на финансиските импликации на буџетот на Општината и заштитата на животната средина“, велат од претставништвото на партијата.

Од ДОМ Ѓорче Петров ги повикуваат граѓаните да ја потпишат оваа петиција со цел јавно да се побара заедничко решение на овој, како што велат, повеќегодишен проблем.

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕН ОБЕЗБЕДУВАЧ НА КАЗИНО ВО ТЕТОВО – Спречувал полициски службеници при службени дејствија

ДЕСК

УАПСЕН 26-ГОДИШНИК ВО ТЕТОВО – Пронајдена марихуана, измерени и 1,34 промили алкохол

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ВОЗАЧ ВО ГРАДЕЦ – Омаловажувал полицајци, измерени му 0,76 промили алкохол

ДЕСК