Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Нова цена на горивата: Бензинот поскапува, дизелот останува со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,56 % во однос на Одлуката од 14.2.2022 година.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 0,508%, кај дизелот за 0,092% , кај екстра лесното масло има намалување за 0,337% и кај мазутот зголемување за 0,389% .

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.02.2022 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,430 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,921 ден/кг.

Од 22.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,921 (денари/килограм)

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,657% .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.2.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК

Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

ДЕСК

Цените на нафтата повторно растат поради сомнежите за прекин на огнот меѓу САД и Иран

C +