Соопштение на СДСМ:
Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски парите на граѓаните, наместо на проекти, ги троши на луксуз.
Скоро 38.000 евра потроши Муцунски за набавка на 35 скапи компјутери.
Еден компјутер чини и над 104.000 денари а Муцунски набавил пет такви компјутери.
Тоа е истиот Муцунски кој јавно се жали дека општината нема пари, дека нема да може да плати струја а во исто време троши 38.000 евра за компјутери.
Уште еден доказ за расипништвото и недомаќинското работње на Муцунски, кој во првите сто дена од мандатот постави само еден легнат полицаец.
Други проекти во Аеродром не се реализираат.
И Муцунски како и Данела Арсовска знае само да се жали, да нуди изговори за неработењето, да бара пари од Владата додека општинските средства ги троши расипнички.
Општина Аеродром и нејзините граѓани не заслужуваат градоначалник кој работи за лични и партиски интереси, против интересите на граѓаните.