Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бесими од денеска во работна посета на Брисел

Министерот за финансии Фатмир Бесими, од денеска до 22 февруари ќе престојува во работна посета на Брисел, каде ќе има средби со високи претставници на Европската комисија.

Разговорите на министерот со своите соговорници ќе бидат фокусирани на ЕУ перспективите на Македонија, очекувањата од француското Претседателство за напредок во процесот на отворање на пристапните преговори, кои во моментов се блокирани од Бугарија и нашата посветеност да продолжи дијалогот за решавање на отворените прашања, како и приоритетите на Министерството за финансии, кои се насочени кон засилување на реформскиот процес во областа на управувањето со јавните финансии, реформите што се предвидени во Програмата за економски реформи, за што е започнат процесот на консултации со ЕК, како и фискалната консолидација.

Теми на средбите со високите претставници на министерот ќе бидат и енергетската криза и инфалцијата, кои се од глобални рамки, и за мерките што земјата ги презема за справување со влијанието од оваа криза.

За време на престојот министерот Бесими во Брисел ќе се сретне со комесарот за соседство и преговори за проширување Оливер Вархеји, комесарот за економија Паоло Џентилони, комесарот за буџет и администрација Јоханес Хан и вршителот на долност генерален директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување Мачиеј Поповски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК