Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен: САД останува посветен партнер на Северна Македонија

Срдечна средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен за време на обраќањето на Потпретседателката на САД Камала Харис, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

Го делиме мислењето дека заедно сме посилни како сојузници во НАТО. Државниот секретар Блинкен ја изрази својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја сподели својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ.
САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците, порача Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК