Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски-Борел: Македонија треба да ги започне преговорите за пристап во ЕУ без натамошно одлагање

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во придружба на заменик на претседателот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

За време на разговорот премиерот Ковачевски се заблагодари за личната поддршка и посветеност на Борел за остварување на нашата европска иднина со цврстиот став дека Македонија треба да ги започне преговорите за пристап во ЕУ без натамошно одлагање.

Ковачевски го запозна Борел за отворениот процес за градење доверба со премиерот на Република Бугарија и со Владата во Софија, кој се одвива, како што кажал, во позитивен дух и од кој се очекува разумна европска формула која ќе го деблокира почетокот на пристапните преговори за Македонија.

На домашен план, истакна премиерот Ковачевски, Македонија го спроведува постпандемиското економско закрепнување со силен акцент на инвестиции во зелената и дигиталната трансформација и во зајакнувањето на отпорноста на општеството со инвестиции во здравството и во социјалната поддршка за граѓаните.

Во однос на енергетската криза, рече на средбата Ковачевски, Македонија има активно учество во неколку големи регионални проекти со значајна буџетска помош од ЕУ, со што земјата станува клучна алка за сигурна дистрибуција на енергенси.

Како земја која ги прифати европските вредности и политики, нагласи премиерот Ковачевски, ЕУ може да смета на соработка со нашата земја во справувањето со заедничките предизвици. Тој го покани Борел да ја посети Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК