Centar.mk
ЛОКАЛНО

Утре привремен сообраќаен режим на улицата Беласица

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на улицата Беласица ќе се воведе изменет режим на сообраќај со почеток од утре (18.02.2022 година, петок) во 19 часот и ќе трае до сабота (19.02.2022 година) до 24 часот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Привремениот сообраќаен режим се воведува поради изградбата на атмосферска канализација чие приклучување е предвидено со попречен прекоп на улицата Беласица на нејзината западна страна, на аголот меѓу улицата Беласица и булеварот Гоце Делчев, како дел од проектот за изградба и реконструкција на булеварот АСНОМ (фазна реализација).

Можеби ќе ве интересира

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

ДЕСК

Градоначалникот на Гостивар, Лимани го промовираше асфалтирањето на патот во Долна Бањица

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК