Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за гостиварец, кој со нож нападнал човек, чие возило било паркирано до патот

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог протв 40-годишен жител на Форино, кој се товари дека сторил кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, предвидено во член 133 од Кривичниот законик.

На 27.10.2021 година, на регионалниот пат Чегране – Форино, обвинетиот при караница посегнал по опасно орудие со кое може телото тешко да го повреди или здравјето тешко да го наруши. Тој го забележал оштетениот паркиран покрај патот и излезен од своето возило „порше кајен“, со скопски регистарски ознаки, па го запрел својот автомобил „тојота“, со гостиварски ознаки, веднаш до него. Почнал да го пцуе и да го навредува, а потоа од јакната извадил нож со кој замавнал кон оштетениот. Оштетеното лице веднаш влегло во својот автомобил и го напуштило местото, а настанот го пријавило во полициска станица.​​

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК